- Постдипломски студии ги завршува со просечна оценка 10 и го одрбранува својот магистерски труд од областа на Алергологијата и Имунологијата на Медицинскиот Факултет во Скопје со тезата: "Напредни вреднсоти на бронхопровокативните тестов, кожните тестови и имунолошкиот статус кај пациенти со алергиста астма"
- Суперспецијалист-алерголог (титула доделена од Германската Лекарска Комора-Берлин.)
- Суперспецијалист-пулмолог алерголог (титула доделена од Медицинскиот Факултет во Скопје)
- Докторат од областа на Алергологијата и Имунологијата одбранува на Медицинскиот Факултет во Скопје со тезата: " Механизам на создавање на кинини кај ИгЕ посредуваните алрегиски реакции на горните и долните дишни патисшта преку моделите на назална и бронхоалвеоларна лаважа".
- Со титула МД (Medical Doctor) се стекнува на Медицинскиот Факултет во Берлин, Одделение за Клиничка Имунологија и Астма, Универзитетската Клиника "Rudolf Virhov", во берлин, Германија, каде ја одбранува тезата: " Компарација на алерген индуцираниот назален медијаторен договор со клиничките и имунолошките параметри за време на специфична имунотерапија"со оцена CUM LAUDE.
Стручен престој во странство обавува на : Универзитетската Клиника Rudolf Virhov во берлин, Германија од 1989-1991 год. (под водство на проф. др. G.Krunkel) и Универзитетска Клиника во Sautempton Велика Британија од 1995-1998 год. (под водство на проф. др. Steven Holgate).
Куси престои на: Университеска Клиника
Rudolf Virhov во Берлин,Германија, Швајцарскиот Институт за Алергологија и Имунологија, Давос, Швајцарија (под водство на проф. др. K. Blaser, Университетската Болница во Гронинген (под водство на проф. др. D. Postma, Фамацевскиот Факултет во Утрахт (под водство на проф. др F.Nijkamp, Холандија и Универзитетот во Ферара, Италија (под водство на проф. др L. Fabri).
За помлад асистент во предметот интерна медицина е избран во 1986 год., за асистент на истата катедра во 1990 год. Во 1993 год, е избран за научен соработник во катедрата по Интерна Медицина, а во 1998 за виш научен соработник. Во 2000 год е избран за вонреден професор по предметот интерна медицина, во 2003 год е избран за редовен професор на Медицинскиот Факултет.
- Проф . др. Дејан Докиќ е добитник на повеќе награди како што се:
1. Првенец на генерација, во основното училисте " Jochan Heinrich Pestalozzi"
2.
Golden Honour Court, прв на ранг листа од 515 матуранти во Parkersburg South High School, САД.
3. Диплома и Плакета од Македонско Лекарско Здружение.
4.
International Grant Award од Европскиот Институт за Алергологија во Брисел.
5.
International Grant Award од Америчката Академија за Алергологија и Имунологија , New York, 1995 год.
6, Почесен Предавач на Универзитетот во Southampton, Велика Британија
7. Награда " 13 Ноември"
за заслуги од областа на здравството.
8. 2006 год е добитник на германската награда за придонес во создавањето на нова вакцина против алергии кон микрокрлежи.
Проф
др. Дејан Докиќ беше главен и одговорен уредник на Македнски медицински преглед во 2003 год.
Тој е актуелене член на интернатиналниот издавачки одбор (editorial board) на "Allergy, hypersensitivity and asthma" и "Journal of the Romanian Society of Allergy and Clinical Immunology".
Како резултат од неговата континуирана научна работа, проф. др Дејан Докиќ забележал значајна публицистичка дејност.
Тој е автор на:
1. Имунотерапија - монографија издадена 1992 год.
2. Уредник и автор на поглавјето Имунолошки и алергиски пореметувања од книгата Современа Дијагностика и терапија во медицината издадена 2000 год.
3. Уредник и автор на поглавјето за Пулмологија во учебникот по интерна медицина, издадена 2002 год.
4, Уредник и автор на поглавјето Пулмологија во учебникот Интерна пропедеветика издадена 2004 год.
5, Уредник на поглавјето за Пулмологија од интерна медицина практикум издаден 2004 год.
6, Уредник и автор на поглавјето Лекови во Пулмологијата и Алергологијата, во Фармакотерписки прирацник издаден во 2006 год.
- Проф. др. Дејан Докиќ е актуелен претседател на Македонското респираторно здружение.
- Во 2005 год е избран за Член на извршниот одбор на FEMTOS (евро-азиското торакално здружение).
- Во период од 2001-2004 год. беше национален делегат од македонија при Европското респираторно здружение.